Одбележување на франкофонијата во Прилеп преку омаж за Никола Бувие

Францускиот институт во Скопје на 19 март 2019 во НУЦК „Марко Цепенков” во Прилеп ќе одржи манифестација во знак на одбележување на Франкофонијата во овој град.

Настаните во Прилеп се одржуваат во чест на Никола Бувие, градот во којшто авторот престојувал неколку недели на почетокот на 50-те години. Бувие во делото „Употребата на светот” има посветено неколку страници токму на престојот во овој град.

Манифестацијата ги опфаќа следните настани:

  • во 12 часот, проекција на документарниот филм „ВРАЌАЊЕТО НА БУВИЕ” на Јордан Плевнеш и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје (2010) за учениците од гимназијата „Мирче Ацев” ;
  • во 18 часот, во кино-салата на НУЦК „Марко Цепенков” е свеченото отворање на манифестацијата со пригодни говори на г-дин Илија Јованоски, Градоначалник на Прилеп, Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и г-дин Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје, писател и драматург, за неговото пријателство со Бувие, по што следува проекција на документарниот филм „БУВОТ И КИТОТ” на Патрисија Платнер (1993);
  • во 19 часот, во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков”, ќе биде поставена изложбата на Никола Бувие „ПАТУВАЊА ВО СЛИКИ” на Библиотеката од Женева, којашто специјално за оваа прилика отстапува фотографии и други документи за овој значаен патописец. Воедно ќе бидат изложени и творби изработени од учениците од основните и средните училишта на тема патувања.

Манифестацијата се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и со поддршка на Општина Прилеп, „Кули Конфекција” и „Витаминка”.

Инаку, настаните во рамките на овогодишното одбележување на Франкофонијата се целосно посветени на ликот и делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер, Никола Бувие.

You May Also Like