Endless mind на Ана Костовска во продажба

Неодамна излезе во продажба првата англиско – македонска збирка на мудрости „Бескраен ум“ (Endless mind) на Ана Костовска.

Истата е достапна во киосците, трафиките, маркетите и другите продажни места на Медиа Принт. Книгата е во продажба и во книжарниците во Скопје: Матица, Табернакул, Македонска култура, Култура, Магор, Или – Или и кафе книжарница Ли. Цената на збирката изнесува 158,00 денари.

Инаку станува збор за прирачник наменет буквално за секого, составен од мисли за среќата, успехот, љубовта и другите вредности, мисли што го поттикнуваат човештвото, а воедно и го зголемуваат вистинското значење на животот. Мотивот е да се инспирираат читателите да ги почитуваат основните морални норми и да не ја заборават суштината на своето постоење во денешниот свет на брзи промени.

You May Also Like