Со гала настан и присуство на многу познати музичари, актери, бизнисмени и други ВИП личности, вечерва (четврток, 22 ноември) во 18:30 часот ќе биде отворен првиот мултиплекс во Македонија Cineplexx.
Најголемото кино ќе биде отворено со двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд „Небесен пад“ и на 3Д авантурата „Животот на Пи“. Вечерва, од 20:45 часот, по промотивна цена од 90 денари која ќе важи само оваа вечер, киносалите со три ноќни проекции ќе бидат отворени и за широката публика.
По специјална цена билетите во Cineplexx ќе можат да се набават и секој вторник, кој ќе важи за „ден за кино“ во понудата на компанијата.
По повод свеченото отворање на Cineplexx, за време на викендот, од 23 до 25-ти ноември 2012 година, ќе бидат организирани голем број активности. Посетителите на Cineplexx ќе можат да уживаат во забавна програма, 3D street анимација поставена пред самото кино, анимација со кловнови, жонглери, маскоти, танцови двојки и други бројни активности.