Изложба по повод 40 години творештво на ликовниот уметник Владимир Темков, за утре (петок, 18 јануари) организира Домот на културата “Иван Мазов-Климе” во Кавадарци.
Самостојната изложба на академскиот сликар се совпаѓа со шесте децении од неговиот живот.
Организаторите информираат дека изложбата содржи дела од најново творештво на Темков, за кое ќе говори академик Блажо Боев и дека интензивно се подготвуваат за одбележувањето на јубилејот, 90 години од одигрувањето на првата официјална театарска претстава во Кавадарци.
- Станува збор за голем јубилеј кој ќе биде одбележан со бројни настани (театарски претстави – премиери, репризи и гостувачки, изложби и слично) низ годината. Во таа насока е и подготовката на новата премиера на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, целовечерната „Од кол на кол“, по текст на Реј Куни, во режија на Диме Коцевски и чие прво излегување пред публиката се очекува во втората половина на месец февруари, велат од Институцијата.