„Големата љубов на Елени“ во Магор

Музичко-театарскиот перформанс „Големата љубов на Eлени“ што ќе биде изведен утре (сабота, 7 јули) во 20 часот во кафе-книжарницата „Магор“ се темели врз основа на последното писмо коешто Елени Каринте му го испратила на нејзиниот сакан Мустафа Кемал Ататурк.

Перформансот го изведува актерката Николина Василевска во улога на Елени Каринте и ја оживува големата љубов која го одбележа крајот на 19 и почетокот на 20 век и остана да живее како една од најголемите љубови кои се случила на Балканот, во Европа, во светот…
Перформансот е збогатен со музика од најпознатиот ориентален флаутист Омар Фарук Текбилек.

 


 

Елени Каринте e девојка која потекнува од познато битолско семејство, ќерка на богатиот трговец Ефтим Каринте. Мустафа Кемал е момче кое потекнува од Жупа, Дебар (по таткова семејна линија) и од Солун по мајчина семејна линија, а учи воена школа во Битола. Токму таму, започнувајќи со еден невин поглед од балконот на семејството Каринте, почнала големата љубовна приказна. Станува збор за забранета љубов меѓу двајца врсници која никогаш не завршила со брак. Мустафа Кемал подоцна станал прв претседател на Турција, познат е по своите државни реформи и е еден од најпознатите светски политичари. Затоа се нарекува Ататурк. Станал татко на целата турска нација, но, никогаш не станал татко на децата на Елени – девојката која вечно го сакаше и го чекаше.

You May Also Like