Друштвото на архитекти од Загреб ги повикува сите млади луѓе (до 35 години) од Македонија за учество во проектот „City Acupuncture – Skopje“. Првата интердисциплинарана работилница чиј фокус е главниот град на Македонија, ќе се одржи од 5-9 септември.
Проектот “City Acupuncture” е дел од европската програма за култура 2007-2013 и ќе се спроведува 2 години во 5 различни градови: Скопје, Београд, Загреб, Сараево и Сплит. Во секој од овие градови ќе се одржи интердисциплинарна работилница на тема интервенција во јавниот простор и подобрување на урбаното живеење.