Заврши Охридско лето

Со концертот на италијанските уметници Енрико Диндо на виолончело и Моника Катароси на пијано, синоќа (понеделник, 20 август, 2012) заврши 52-то издание на Охридско лето.

Со изведба на дела од Шуберт, Капустин и Шостакович, Италијаните Диндо и Каторси синоќа во црквата Света Софија имаа чест да го означат крајот на годинашното издание на најстариот фестивал кај нас – Охридско лето.

Годинашното Охридско лето ќе остане запаметено по гостувањата на Мишел Камино, Пол Мејер, „2 Cellos“, Перпетум Џезиле“, „Леб и Сол“, девет театарски претстави од кои 5 премиери.
Фестивалот важи за најголема сценско-музичка манифестација кај нас, а гостувањето на големи имиња од светот на музиката и театарот само го потврдуваат неговото реноме и надвор од нашите граници.
Во изминатите 40 дена Охрид ги отвори вратите за љубителите на уметноста кои уживаа во прекрсаните амбиенти на сцените во црквата Света Софија, Античкиот театар, Центарот за култура „Григор Прличев“ и Заливот на коските.

You May Also Like