Драмски со нов уметнички директор

Актерот Зоран Љутков е назначен за  уметнички раководител на Драмски театар – Скопје, на местото на Дејан Лилиќ кој минатата недела доби нова функција – директор на Македонскиот народен театар, пренесува МИА.

Зоран Љутков (Велес, 1977) дипломирал на Факултетот за драмски уметности–Скопје во 2001 година во класата на проф. Владимир Милчин, а од 2002 година е запишан на постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот за уметности во Белград.

Во Драмски театар-Скопје е вработен како актер од 2006 година.  Има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите професионални театари во Македонија. Учествувал на  неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти.

Има менаџерско искуство како директор на Фестивалот на античка драма  – Стоби.

You May Also Like