Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. 5 Фестивал на Светлината во Скопје ќе биде прв фестивал на кој учество ќе земат исклучиво домашни артисти а ќе биде проширен со ревијални учесници.
Светлината е форма на енергија која патува и е во интеракција со материјата. Кога светлосните зраци достигнуваат тело кое не можат да го поминат, тие се рефлектираат. Оваа промена се нарекува рефлексија. Оптички феномен кој ја пренасочува светлината низ различни патеки.
Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е токму рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.
Право на учество
На конкурсот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување.
На конкурсот се повикуваат сите заинтересирани учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Услови за финансирање
За добивање на финансиските средства за спроведување на фестивалот “SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022”,
физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:
- Физичкото или правното лице да се пријави со креативен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината), Истиот може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.
- Апликации за одредена локација треба се во согласност со местото, опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата.
- Апликациите треба да ги исполнуваат барањата на овогодинешната тема на конкурсот: РЕФЛЕКСИЈА
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот:
lightfestival@univerzalnasala.com.mk или во адресирано плико по пошта до ЈУ „Универзална сала“ бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“, заклучно со 14.07.2022 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да достават:
· Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.
· Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата на ЈУ Универзална Сала
· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени
· Потребна опрема за реализација на делото
· Професионално портфолио
· Кратка биографија (CV)
Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по е-маил, најдоцна до 15.07.2022 година.
Комисијата го задржува правото да ги промени локациите, зависно од потребите.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02 32 45 615 или на официјалната емаил адреса: lightfestival@univerzalna.com.mk .