Делегации на Општина Струга и на Фестивалот „Струшки вечери позијата“ утрово пред Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, положија свежо цвеќе во знак на почит на струшките поети, во пресрет на 50-тиот јубилеј на поетскиот фестивал.
Најголем дел од поетите ќе пристигнат денеска во Струга, а ќе доаѓаат и утре кога почнуваат сите активности од годинашното фестивалско издание.
Утре официјално ќе биде отворена реконструираната Спомен-куќа на браќата Миладиновци во нивната родна Струга, во годината кога се одбележуваат 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов.
Комплетно е сменета целата дрвенарија и внатрешниот ентериер, апоставен е нов под и паркет. Со обновата на спомен-домот ќе се овозможи постојано чествување на животот и делото на струшките преродбеници од 19 век.
– Со самото отворање и пристапност на домот ќе овозможиме сите да доаѓаат и да се запознаваат со нивното дело. Ќе бидат внесени многу нови содржини. Во долниот дел планираме да ги изложиме мозаиците од Октиси. Во овој дел ќе бидат поставени и сите материјали кои сме ги собирале со децении, изјави Сашо Цветковски, директор на Музејот во Струга, кој ќе биде сместен во обновениот објект.
(извор МИА)