НУ Драмски театар Скопје на 12.6.2021 (сабота) со почеток во 20:00 часот, ќе одржи омаж со наслов „#Драмски за Конески“, по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески.
Учесници во овој проект се првенците на Драмскиот театар: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.