За да ja зголемат безбедноста на минувачите, екипи на Град Скопје деновиве поставија нови светилки и го подобрија осветлувањето на пешачката патека во парк – шума Гази Баба во должина од 680 метри.
Покрај пешачката патека се поставени 29 нови декоративни столбови за јавно осветлување со висина од 4,5 метри, на коишто се монтирани светилки од 150W. За поврзување на светилките е поставен кабел во должина од 800 метри.