Ревија на народни носии, народни инструменти и песни во Виниче

Во рамките на културно лето „Гази Баба 2011“, утре (четврток, на 25 август 2011 година), со почеток во 20:30 ч.  во манастирскиот комплекс „Св. Илија“ во населеното место Виниче ќе се одржи традиционалната манифестација „Ревија на народни носии, народни инструменти и песни“.

Културната манифестација ќе ја отвори Градоначалникот Тони Трајковски. Во уметничкиот дел ќе се изведат изворни народни песни и ора и ќе се прикажат традиционални народни носии од повеќе краеви од Македонија.

За сите заинтересирани ќе бидат обезбедени два автобуси, поаѓање во 19:30 часот и тоа:

– Еден автобус поаѓа од Дрма, преку Идризово, Колонија, Јурумлери, Гоце Делчев, Трубарево, Ергеле, Хиподром, Маџари, Ченто, Стајковци, Црешево до Виниче.

– Еден автобус поаѓа од Железара, преку Автокоманда, Триангла, Маџари, Ченто, Стајковци, Црешево до Виниче.

Автобусите ќе застануваат на секоја автобуска постојка, а ќе бидат со натпис: Општина Гази Баба – Виниче.

You May Also Like