На 18 октомври 2011 година (вторник), со почеток во 19:30 часот, па се до полноќ во Галерија 8 во старата Скопска чаршија со локација во Безистенот, ќе се организира хуманитарен ликовен хепенинг на кој ќе земат учество 12 истакнати ликовни уметници: Владимир Георгиевски, Симонида Филиповска Китановска, Тања Таневска, Јулијана Гешовска, Софија Семенпеева, Денис Тенев, Урош Вељковиќ, Сергеј Дамовски, Соња Димовска, Марко Георгиевски, Шкипе Мехмети…
Уметниците на хепенигот ќе изработат по две дела со вино на хартија. Делата ќе бидат продажни за сите заинтересирани кои сакаат да имаат дело изработено во специфична техника.
Делата ќе бидат со почетна цена од 6.000,00 денари. Секој заинтересиран ќе може да плати и повеќе во зависност од сопствената желба. Средствата ќе се уплатуваат директно на жиро сметката на Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби: „Дајте ни крилја“ бр. 300000003190463, Комерцијална банка а.д. Скопје.
Ве покануваме да бидете дел од хуманитарниот хепенинг и да им помогнеме на оние на кои им е потребно. Да бидеме хумани, да подариме крилја.