Најава за годинешните „Прличеви беседи“

Следната недела ќе одржи овогодинешното издание на „Прличевите беседи“ 2013. Ова е програмата за настанот, кој ќе се одржи во понеделник и вторник (4-ти и 5-ти февруари 2013) во Охрид:

„Прличеви беседи“ е манифестација која постои од 1952 година, започната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.

Манифестацијата продолжува на 6. февруари се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, прличева визита, посета на спомен куќата, со соодветна програма.

„Прличеви беседи“ е манифестација која во градот Охрид ја одбележува Центарот за култура, Охридската библиотека, Основното училиште, Просветно дело, Друштвото на писатели, Локалната самоуправа и Министерството за култура.

 

ПОНЕДЕЛНИК 4. Февруари

13.00 часот
– Промоција на “Сенки на поетичноста” од Пандора Јовановска Илиевска, промотор Паскал Гилевски
– Артистичка изведба – Билјана Билаловиќ и Стрезо Стаматоски

Место:НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид
Изложбен салон

ВТОРНИК 5. февруари

12:45 часот
ИЗЛОЖБА на ликовни дела од Колекцијата на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

13:00 часот

СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ
-“1762 лето” – изведба на хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
– Говор на Директорот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, М-р Драгана Боцеска
– Читање на поезија во чест на лауреатот, Друштвото на Писатели на Македонија
– ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОЕМАТА
“Век за самување” – Веле Смилевски

БЕСЕДА – Бранко Цветскоски
– Артистичка изведба на поемата “Век за самување” Билјана Билаловиќ, Никола Тодороски
– Врачување на Повелбата и Наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 год.
– Свечено обраќање на лауреатот Веле Смилевски
– Објавување Конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2013 година

Место:НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид
Изложбен салон

You May Also Like