Тековен репертоар во кино Фросина

Младинскиот културен центар, Ви ги претставува филмовите „Sin Nombre“ и „Enter the Void“ кои ќе може да ги погледнете од утре 18.10.2011 година (вторник). Филмовите на репертоарот на кино Фросина ќе бидат до 20.10.2011 година (четврток).

„Sin Nombre “ (2009)

„Безимени “

Режија: Кери Фукунага
Сценарио: Кери Фукунага
Улоги: Паулина Гајтан, Марко Антонио Аквире и Леонардо Алонсо.
Почеток: 20:00 часот

„Sin Nombre “ е американско-мексикански филм чиј сценарист e култниот режисер Cary Fukunaga (Кери Фукунага).

Филмот е снимен на шпански и името во превод значи „Безимени“. Има добиено неколку награди, вклучувајќи ги и оние за режија и кинематографија на Филмскиот фестивал во Санденс 2009 г.

Вили, со прекар Ел Каспер (Edgar Flores) e член на бандата Мара Сaлватруча и живее во Тапуча, Мексико. Во бандата внесува младо момче (Kristyan Ferrer) кој го добива прекарот Смајли по насилната иницијација. Каспер подоцна му помага на Смајли да ја заврши иницијацијата со тоа што му помага да го убие неговиот ривал во бандата. Каспер е во врска со девојката Марта Марлен. Плашејќи се за нејзината безбедност, тој ја крие врската од неговата банда. Двојниот живот предизвикува сомнеж кај останатите за неговата лојалност.

„Enter the Void” (2010)

„Влез во празнина“

Режија: Гаспар Ноа
Сценарио: Гаспар Ноа
Улоги: Натаниел Браун, Паз де ла Хуерта, Сирил Рој
Почеток: 22:00 часот

„Влез во празнина“ е филм во кој се работи за млад Американец кој живее во Токио и препродава синтетички дроги. Во првиот дел на филмот ги следиме неговите последни часови до мигот кога полициската заседа ќе го застрела во тоалетот.

Потоа филмот ја следи неговата агонија во која – како што се вели – “животот му прелетува пред очите“, а во третиот дел од субјективната перспектива на неговиот дух следиме што се случува со останатите ликови „на земјата“. Самото тоа што филмот е раскажан од гледна точка на мртовец е доволно бизарно, но уште повеќе зачудува режијата на Ноа.

Првиот и третиот дел на филмот се состојат од два 45-минутни кадри, при што првиот вклучува и делириум под дејство на трип, а последниот се состои од камера која лебди над Токио, се крева кон небото, а потоа се нурнува во урна, ВЦ шолја, вагина. Ноe практично ги екранизирал смртта и реинкарнацијата, и тоа низ спектакуларна и апстрактна визуелна поезија која многу повеќе има врска со Рембо отколку со естетиката на филмот.

You May Also Like