Двојазичниот избор поезија „Шест македонски поети“ кој летово во соработка со Блесок го објави АРК од Англија, ќе биде промовиран во Велика Британија, од 15 до 20 октомври. Покрај уредникот на книгата, Игор Исаковски, со своја поезија пред британската публика ќе се претстави и Лидија Димковска.
Организирани се вкупно пет поетски читања и промоции на „Шест македонски поети“, во Лондон, во Манчестер (две читања, од кое едното на Манчестерскиот книжевен фестивал), во Јоркшир и на универзитетот во Бангор, Велс. Во книгата „Шест македонски поети“ се застапени и Богомил Ѓузел, Катица Ќулавкова, Јовица Ивановски и Елизабета Баковска.
Книгата jа обjави АРК од Англиjа ова лето, во соработка со Блесок.