(new) Daz Flow препорачува: Дај прошетај!

Пред неколку дена се појави новиот сингл на Daz Flow.

Нумерата насловена како „Дај прошетај“ нуди целосно нов звук, за разлика од она што сме навикнати да го слушаме на македонската хип хоп сцена.

Дел од оваа нумера се и’: Deki O2 и Stracka, како и саксофонистот Goran Papazz, кој заедно со Стефан Пехчевски се погрижија за музиката. Аранжманот и продукцијата се дело на DROM Records.

Уживајте во најново музичко парче на Daz Flow, кој како што и самиот вели, летото ќе го помине во студио спремајќи еден куп нови траки.

You May Also Like