Фото биеналето „Фотомедиа“ вечерва во Мала станица

Вечерва (сабота, 8 декември) во објектот Малa  Станица при Националната галерија на Македонија, во 20:00 часот, се отвора тринаесетото издание на интернационално биенале на фотографската уметност – Фотомедиа.

Според рангирањто на светската фотографска асоцијација ФИАП, последните неколку изданија на каталозите на Фотомедиа, се вбројуваат меѓу петнаесетината најдобро рангирани во светот. Тоа слободно можеме да кажеме дека ја вбројува Фотомедиа во врвните културни настани во нашиот регион.

Во време на илјадници дигитални изложби кои се организираат месечно во светот, Фотомедиа продолжува со своето споро биенално темпо, со инсистирање на принт фотографија, како став кој не трпи компромиси, а толкувањето е дека готовата фотографија, во нејзината физичка манифестација како принт, единствено може да се толкува како краен авторски израз на уметникот.

Се прославува и 50-та годишница на фото клубот Елема, организатор на Фотомедиа. Во чест на сите кои кога и да е имале некакви релации со Фотомедиа и Елема, покрај класичната поставка од овогодинешната селекција, Фотомедиа на својата редовна публика, со која расте со години ќе и понуди и проекција на избор од најдобри фотографии од претходните изданија на Фотомедиа како и проекција на патувачката изложба во чест на педестгодишнината на фото клубот, насловена како – „Елема монохроматик“.

Годинашнава поставка, заедно со авторите и наградите, можете да ја погледнете ТУКА.

 

You May Also Like