Македонски поети во „Атлас на европската лирика“

Друштвото на писателите на Бања Лука од Босна и Херцеговина објави антологија на европската поезија насловена „Атлас на европската лирика”.

Во антологијата на 500 страници донесува поезија од 66 поети од 12 европски држави чии малцинства живеат на територијата на Босна и Херцеговина.

Македонија ја претставуваат песните на Радован Павловски, Ефтим Клетников и Лидија Димковска во препев на српски на Петар Кепески, Душко Новаковиќ и Ристо Василевски.

Антологијата ја подготвија и уредија проф. Миљко Шиндиќ и поетот Здравко Кецман. Во антологијата се застапени, според предговорот на проф. Миљко Шиндиќ, најзначајните претставници на националните поетските генерации.

Освен македонската, во антологијата се застапени и поезиите на Црна Гора, Чешка, Италија, Израел, Унгарија, Германија, Полска, Словенија, Словачка, Украина како и поезијата на Ромите.

На промоцијата што неодамна се одржа во Културниот центар на Бања Лука како претставник од Македонија учествуваше Лидија Димковска.

извор: makfax.com.mk

You May Also Like