Обука за новинари за родово сензитивна култура

Град Скопје, вo соработка со Центарот за истражување и креирање политики, објавуваат повик за пријавување на кандидати (новинари) за обуката „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“.

 

Обуката е наменета за новинари од националните и локални медиуми и има за цел да го претстави концептот на родово балансирано известување и да ги зајакне капацитетите на целната група, од аспект на родово сензитивно известување.

Оваа обука се организира во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“ кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики, со финансиска поддршка од Град Скопје.

Обуката е еднодневна и ќе се одржи на 13-ти декември 2012 година, со почеток во 11:00 часот во НВО Центарот на Град Скопје (лоциран во Младинскиот културен центар, прв кат).

You May Also Like