Игор Дурловски со премиера во германски Касел

Македонскиот оперски пеач  Игор Дурловски, неодамна настапи во премиерната поставка на операта „Гриселда“ од Антонио Скарлати во Касел, Германија. Улогата во која настапи Дурловски (Гуалтиеро) е исклучително интересна поради неговиот настап како контратенор и бас истовремено, што несомнено предизвика воодушевување кај публиката, но и кај музичката критика.

Ви пренесуваме дел од музичките критики од германските медиуми:

„Контратенорот Игор Дурловски (Гуалтиеро) со убедлива интонација се обраќа кон публиката со длабок глас.“

Frankfurter Rundschau, 23.02.2012

„Игор Дурловски (Гуалтиеро), контратенор, со леснотија ги пее сите колоратури. Ретко звучат контратенори убаво како него.“

Sonntagsblatt 19.02.2012

„Милозвучен, сигурен во височините, фалсет како вистински крал. На крајот од претставата се обраќа како бас.“

Thüringer Allgemeine TLZ 21.02.2012

„За поставување на ова музичко дело потребен е извонренден пејачки ансамбл. Извонрендениот Дурловски во улогата на Nachtwächter во Вагнеровиот Meistersingern, е сензационален како контратенор. Почнувајќи со длабок басовски тембр се трансформира во фалсет како детски глас. Ретка можност да се чуе вакво нешто што предизвикува очигледно воодушевување кај публиката. На Гуалтиеро му дава кралска појава, а повремените басовски фрази предизвикуваат внимание и морници.“

OPERAPOINT, 21.02.2012

„За оваа поставка потребен е одличен ансамбл. Централно внимание предизвика Дурловски, ангажиран како бас, кое завршува со волшебно држење и прекрасен подржувачки конратенор. Неговиот моќен бас на крајот остава силен впечаток.“

Hessische Nachrichten 20.02.1012

You May Also Like