Танец ги промовираше своите активности и цеде „Незаборав“

Националната установа, ансамбл за народни игри и песни „Танец“ го промовираше некомерцијалното CD насловено „Незаборав“. На промоцијата беше присутна и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Сите песни кои се наоѓаат на цедето се народни во обработка на Ѓорги Димчевски, а изборот на песните е од м-р Владимир Јаневски и Тимко Чичаковски. Учествуваат осум солисти, машка и женска пејачка група, има осум мешани песни и две инструментални дела.

„Ансамблот „Танец“ е наша најголема гордост и амбасадор во промоцијата на нашите највредни културни, историски и етнографски вредности. Ќе истакнам дека значајна е соработката со останатите институции, бидејќи треба да се даде заеднички придонес за промоција на културните вредности. Нашите функции се менливи, но оние кои работат во институциите, отишле во пензија и дале огромен придонес за развојот на институцијата се нашите најголеми вредност,“ истакна меѓудругото министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

You May Also Like