Ристо Лазаров ја објави „Јана-Јана“

Македонскиот поет Ристо Лазаров деновиве ја објави стихозбирката „Јана-Јана”, речиси триипол децении по објавувањето на популарната „Јана” за која во 1980 година овој автор ја доби 13-ноемвриската награда на Скопје.

Тогаш за „Јана“ македонскиот поет Анте Поповски напиша „Јана е биографија на еден прекрасен поетски сон, редослед на една поетска радост и тага, љубовна поема напишана навидум анархично, дрско”.

„Јана” тогаш беа дваесет самостојни наслови или поточно дваесет пеења на една љубовна поема, дваесет детали на една слатка поетска игра.

И оваа „Јана-Јана” на Лазаров може да се доживее како поема на радоста сочинета од 35 пеења. Книгата е посветена на внуката на авторот. Таа е полна нежност, но вешто одбегнува каков и да е допир со патетични изливи и се чита како книга од вообучената продукција на овој автор, напишана со неговиот препознатлив ракопис.

Издавач на книгата е „Везилка 2011” од Скопје.

You May Also Like