Подготовките за ИФФК „Браќа Манаки“ во полна пареа

На само еден месец до почетокот на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, подготовките влегуваат во својата завршница.

И на овој фестивал публиката може да очекува исклучително квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија, кои ќе бидат гости во Битола.

Годинава зголемене бројот на програми во вкупен број од 14 и проширен е кругот на селектори кои ги обликуваат програмите: со Гена Теодосиевска, годинава во изборот на документарната програма соработуваше и Марија Џиџева; режисерите Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови кои се натпреваруваат за Малата златна камера 300, како и филмскиот критичар Слаѓан Пенев, кој ги селектираше филмовите во програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Новина е програмата „Филмски класици- Полноќен јавач“, која вклучува филмови од светската филмска антологија, за кои помладата генерација има можеби само слушнато или прочитано. Селектор на програмата е италијанскиот режисер, кој живее во Битола, Микеле де Анѓелис, а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови.

„Во главната програма пак, се вклучени најновите филмски продукции на големите мајстори на филмската фотографија, што ја фасцинираа публиката и критиката, во селекција на Благоја Куновски – Доре.

И оваа година ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот, под режисерската палка на Вардан Тозија, а во соработка со комуникацискиот партнер на ИФФК „Браќа Манаки“ – агенцијата „Меккен“ и со „Vertigo Visual“.

За ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските професионалци на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина),а во соработка со градот- домаќин Битола и Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата МАНАКИ: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964, кому воедно годинава му одбележуваме и 135 години од раѓањето). Со тоа биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, Градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.

На почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прераснавоИнтернационаленфестивалнасветскитекинематографери, чииигранифилмовисевоконкуренцијазатритефестивалскинагради: Златната, Сребрената и Бронзенатакамера 300.
www.manaki.com.mk

You May Also Like