Серијалот „Седумте сестри“ најчитани книги во битолската библиотека

Серијалот „Седумте сестри“ на светски познатата Лусинда Рајли се најбараните книги во битолската библиотека, а најмладите зимскиот распуст го минуваат со книгите за Хари Потер.

Од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, информираат дека за време на новогодишно-божиќните празници евидентиран е голем интерес за изнајмување на книги, а очекуваат така да биде и во наредните денови.

  • Во Библиотеката имаме околу три илјади активни читатели од сите возрасти, а најголем дел од нив се млади битолчани, односно 1.060 основци, над 750 средношколци и други читатели. Посебно се радуваме кога зачленуваме деца од предучилишно образование, а такви во моментов имаме 98 кои искрено сакаат времето да го поминат со книга во рака. Се бараат сите жанрови, а оваа зима хит книги се серијалот „Седумте сестри“ на авторот Лусинда Рајли и книгите за Хари Потер, информираа од библиотеката.

Фондот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е во постојан пораст, а во моментов има над 50.000 наслови, книги за возрасни и деца.

You May Also Like