Фотографиите живеат само кога се заедно и кога формираат композиција. Како ноти во песна! Милчо Манчевски.
Изложбата од фотографии, насловена како „Пет капки сон“ ја освои софиската публиката. Серијата фотографии, изложени во Националната галерија „Арсенал Софија“ креираат единствена композиција, секоја составена од пет поединечни слики.
И при отворањето на изложбата и деновиве кои следеа, изложбата предизвикува огромен интерес кај публиката и културната јавност во Бугарија. Милчо во Софија изминативе денови, има свои звездени часови и незаборавни дружења со бројните почитувачи на неговиот авторски опус.
Најнапред, пред преполните сали во софискиот „Дом на киното“, низ ретроспективата од неговите филмови, а посебно пред преполната сала и двочасовното предавање и дружење со студентите на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“.
Изложбата „Пет капки сон“, останува во Софија до средината на месец февруари, а потоа можност да ја видат ќе имаат и почитувачите на Манчевски, низ бројни културни метрополи во Европа и САД.