Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (понеделник, 15.4.2013 година) во 13:00 часот во Бизнис салата на Скопски саем ќе се обрати на промоцијата на нови дела од едицијата „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“.
Со промоцијата на последните 20 книги се заокружува реализацијата на проектот за „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“ со што македонските читатели добиваат можност да ги уживаат ремек делата на писателите наградени од Шведската академија за книжевност.