Република Македонија и` подари на Конгресната библиотека на САД едиција на македонската литература, преведена на англиски јазик.
Донацијата е составена од дела на современи македонски автори, но и литература од IX-от до XVIII-от век, дела од просветителскиот период, фолкорот, поезијата. Најголемата светска библиотека самата годишно набавува околу 300 примероци од Македонија и нејзиниот фонд од земјата севкупно брои околу12.000 наслови. На своите полици има дела од почетоците на печатењето на современ македонски јазик, па се` до најнови изданија.