Заврши карате турнирот „Гази Баба Опен“

Во спортската сала Методија Андонов Ченто по седмипат се одржа карате турнирот Гази Баба Опен, во организација на КК Тигар, под покровителство на Општина Гази Баба.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот Тони Трајковски. На турнирот учествуваа околу 450 натпреварувачи во повеќе категории од Словенија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и од Македонија.

Најуспешна екипа беше КК „Металург“ од Скопје, а најуспешен карате клуб гостин беше „Дарис“ од Р. Бугарија.

Витешкиот орденот „Филип II Македонски“, за најдобар каратист на турнирот, го освои Филип Несторовски од КК Металург.

You May Also Like