Гудачкиот квартет „Еквилибриум“ во среда (25 мај 2011 година) ќе го промовира своето најново ексклузивно ЦД. Промоцијата ќе се одржи во 20:00 часот во клубот МКЦ во Скопје, а промотор ќе биде музикологот Роза Нолчева.
Ова најново ЦД трето по ред на квартетот „Еквилибриум“ е снимено во М1 студио во Македонската радио телевизија, а продуцент на истото е Будимка Имери.
На ова издание „Еквилибриум“ се претставува со комплетните квартети на Клод Дебиси и Благој Цанев, како и со две композиции посветени на самиот квартет од композиторите Андреа Феранте и Лари Груп.
Гудачкиот квартет го сочинуваат: Јане Бакевски, виолина, Горан Муратовски, виолина, Александар Стојчески, виола и Кирил Јосифов, виолончело.