„Невидлива Софија“ во галерија „Робевци“ – Охрид

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“  во сабота (21 јануари 2012 година), во галерија „Робевци“ – Охрид, ке биде отворена изложбата на фотографии “Невидлива Софија” од Елена Ѓероска и Стефан Маринов со почеток во 19:30 часот.

“„Невидлива Софија“ е фотографски проект кој се базира на невидливата убавина која е насекаде околу нас. Тргнувајќи од светот кој нè опкружува, од нашето секојдневие во градот Софија, започнавме една долга прошетка. Се обидовме да го погледнеме одново она што за нас изгледаше толку познато..
Секоја фотографија од проектот се состои од две фотографии, направени на две различни локации од двајцата автори. Обединивме две гледни точки за две навидум далечни места и тој судир на две реалности создаде една нова реалност, онаа за невидиливиот град. Автори на проектот се Елена Ѓероска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија. Двајцата се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Обединети од љубовта кон апстрактната црно-бела фотографија, започнуваат да работат на проектот пред повеќе од една година. „Невидлива Софија“ е нивен прв заеднички проект.”

Изложбата во Галерија „Робевци“ Охрид ќе биде отворена до крајот на јануари 2012.

 

 

You May Also Like