По повод новогодишните празници, Домот на културата „Драги Тозија“ Ресен организира богата програма во која што ќе бидат опфатени следниве настани:
Понеделник 26.12.2011
Локација: Дом на Култура „Драги Тозија“
Почеток: 18:00 часот
Отварање на изложбата „Бакрорез – Творештво на една рака“ – Гордана Стојановска
Вторник 27.12.2011
Локација: СОУ „Цар Самоил“ – Ресен
Почеток: 12:30 часот
Промоција на книгата „Завештание Вељаново“ – Добре Тодоровски
Петок 30.12.2011
Локација: Градски плоштад
Почеток: 10:30 часот
Предновогодишен хепенинг
-Културна програма од училиштата во Ресен
-Класична музика, авторски песни од Високата музичка школа- Скопје, виолинист Пламенка Трајковска
-Детски театар – „Дедо Мраз и Фиферона“ – режија Весна Гаврил
Сабота 31.12.2011
Локација: Градски плоштад
Почеток: 22:00 часот
Новогодишен хепенинг со групата „Андромеди“