Успешно заокружена првата сезона на Охридскиот народен театар

Претставата „Ај да си речиме уште една“ при Охридскиот народен театар синоќа беше последната изведена за оваа, прва сезона во Центарот за култура во Охрид. „Ај да си речиме уште една“ инаку е четврта претстава во сопствена продукција на возобновениот Охридскиот театар.

Претставата која е во режија на Андреј Цветановски е создадена според стари, познати народни песни, што се дел од културното богатство на Македонецот.

Во претставата настапувале комплетната екипа на Народниот театар во Охрид, а како специјални гости се појавиле и изведувачи на традиционални народни инструменти од Вевчани.

Реализацијата на претставата е поддржана од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Претставата претходно била изведена во Вевчани, Кичево и Македонски Брод.

Александар Ивановски

You May Also Like