Поезија од Етернијан објавена во австралиското списание „Виндмилс“

Поезија од македонскиот поет Јовица Тасевски Етернијан е вклучена во новиот, специјален тематски број на австралиското универзитетско списание „Виндмилс“ што претставува своевиден антологиски избор од современата светска книжевност со имагинарни и чудесни теми и мотиви.

Етернијан е единствениот застапен европски автор, а во списанието се објавени избрани песни и раскази од дваесетина современи автори од Австралија, САД и Канада. Во објавениот прилог се истакнува дека „Песните на Етернијан се карактеризираат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“.

Списанието „Виндмилс“ го издава Универзитетот „Диакин“ и е вклучено во наставата по креативно пишување.

You May Also Like