„Радио“ ја чинат повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии илустрации. Книгата претставува субјективен избор на авторот од прилозите, односно текстовите пишувани и објавени за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик.
Промоцијата ќе се случи утре вечер (четврток, 28.11.2019), од 20 часот во Уметничка галерија Куманово.
Поделена на неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија…преку информациите, најавите, разговорите, интервјуата, рецензиите, освртите …се обидува да понуди негово видување на македонската култура во изминатава половина декада.
Oд таму на страниците се забележани мислите и ставовите на уметници и творци како Весна Ѓиновска Илкова, Благој Нацовски, Милена Арсовска, Никола Коџабашија, Александар Пејовски, Дарија Андовска… Оливер Белопета, Влатко Стефановски, ЉУБОЈНА, БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, Сеад Хаџиќ Сецко, Зоран Маџиров, Драган Даутовски, СЕТСТАТ…Никола Маџиров, Оливера Ќорвезировска, Игор Ангелков, Фросина Пармаковска, Јовица Ивановски, Јосип Коцев, Владимир Мартиновски….Игор Киров, Нела Витошевиќ, Огнен Дранговски, Игор Трпчевски, Иван Поповски…Сергеј Андреевски, Ване Костуранов, Роберт Дандаров, Страхил Петровски, Синиша Кашавелски, Касиопеја Наумовска, Шќипе Мехмети, Тања Балаќ, … Драги Неделчевски, Иван Блажев, Сашо Димоски, Мимоза Велиу…Мирко Илиќ,
Промотор:
м-р Ана Франговска, виш кустос – историчар на уметноста
Учесници во програмата на настанот:
Јордан Костов, музичар
Дејан Спасовиќ, акад. вајар и музичар
Игор Трпчески, актер и водител
Постер: Страхил М. Петровски
Фотографии: Сашо Димоски