„Љубојна“ за крајот на „Илинденските денови“

Утре вечер (понделеник, 30 јули) во 21:00 часот на античкиот локалитет Хераклеа со концертот на „Љубојна“ насловен „Брас Фантази“, ќе биде затворено 42-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ – Битола.

„Љубојна“ ќе се претстават со музика инспирирана од Беломорскиот фолклор.На концертот му претходи Интернационалната вечер која ќе започне во 20:00 часот, на која ќе настапат фолклорни ансамбли од Грција, Хрватска, Србија и Северен Кипар.

На фестивалот „Илинденски денови“ кој и оваа година беше во рамките на Битолското културно лето – Бит Фест, во четирите фестивалски денови настапија околу 1000 учесници од земјава и светот.

You May Also Like