Отворањето на изложбата по повод јубилејните 50 -ти Денови на македонската фотографија ќе биде во вторник (03 јули) во објектот Мала Станица (Национална галерија на Македонија), со почеток во 20:30 часот.
Современата македонска фотографија ќе се претстави на 50-тото, јубилејно, издание на манифестацијата Денови на македонската фотографија.
Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава.
Во просториите на Мала станица ќе бидат изложени околу 120 фотографии од годинашната селекција, како и омаж на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, за одбележување на неговото капитално фотографско дело.
Изложбата ја организираат Фото сојузот на Македонија и Скопско лето.