„Покриени жени“ е насловот на првата самостојна изложба на авторката Сумеја Барди, која вечерва (сабота, 30 јуни) во 20 часот ќе биде отворена во „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија.
Интенцијата да се проникне во заедницата и нејзините припадници преку поединецот во специфичен експресивно-запрашувачки дух е генезиски фактор за бидувањето на делата на Сумеја Барди, пишува Филип Иванишевиќ во освртот кон вечерашната изложба.