fx3x работеше на три од петте номинирани филмови за „Оскар“

Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х соработуваше во три од пет филма кои годинава се номинирани за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската филмска академија – Оскарот во категоријата на визуелни ефекти.

Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” и „Life of Pi”. Останатите два филма во конкуренција се „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ и „Snow White and the Huntsman“.

Tиe соработuvaa и нa проектот „Les Miserables” со Mill Film од Лондон – мјузикл, кој е номиниран за најдобар филм заедно со „Life of Pi”.

Во моментов ја работат постпродукцијата на новиот филм на Столе Попов „До Балчак“, а биле ангажирани и на „Трето полувреме“ од Дарко Митревски и на „Балканот не е мртов“ од Алексдандар Поповски. Посакуваат во блиска иднина да излезат и со свој филмски продукт.

Инаку, 85-то доделување на оскарите за 2013 година ќе се случи в недела на полноќ во Лос Анџелес во театарот „Долби“. Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм.

извор: sitel.com.mk

 

You May Also Like