Актерот Петар Темелковски е реизбран за прв човек на меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Одлуката е донесена на последната фестивалска седница, на која е донесена одлука да бидат воведени и награди за млад актер – за женска и за машка улога.
Обврската на Темелковски како уметнички директор е до крајот на април да ги изгледа претставите што конкурираат за учество на 48-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во почетокот на мај да ја соопшти програмата. Фестивалот ќе почне на 7 јуни.