Дуото Стефановски, Емилија Ристевска Стефановска – флејта и Александар Стефановски – флејта, денеска (среда, 17 октомври 2012) ќе настапи со свој целовечерен рецитал во Културно – информативниот центар на Р. Mакедонија во Софија – Бугарија.
На програмата ќе бидат застапени дела од репертоарот на дуото Стефановски, Менделсон, Росини, Бах, Пијацола.
Дуото Стефановски има богата биографија, особено се забележителни гостувањата во: Германија, Грција, Франција, Италија, Америка, Норвешка, Турција, како и на нашите фестивали: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Битолско лето“, „Златна лира“, „Денови на македонската музика“„ Интерфест“. Нивниот музички опус го красат три CD – а и видеоспот кои се изработени заедно со нивниот камерен ансамбл трио Интерарт.
Рециталот е поддржан од Министерство за култура на Р. Македонија.