НУ Народен театар од Битола со претставата „Обична приказна“ од Марина Ладо, во режија на Љупчо Ѓоргиевски , денес (12 септември 2011 година) ќе учествува на 19-от по ред Фестивал на камерениот театар во Струмица.
Со учеството на Фестивалот , почна и работната сезона на битолскиот театар . По долгото и напорно лето актерите на битолскиот театар кога со несмалено темпо подготвуваа две премиери и тоа „Вишнова градина“ во режија на Ѕвезда Ангеловска која премиерно беше прикажана на Битолското културно лето „Бит Фест“ , а другата „Медеја “ во режија на Нада Кокотовиќ , за затворањето на Охридско лето , по краток одмор се вратија на своите работни обврски.
По гостувањето во Струмица , битолскиот театар започнува со подготовката на нова премиера „Минхаузен“ во режија на познатиот режисер Александар Исаков .