Изложба „Полските знаци во Македонија“

Вечерва (петок, 21 декември) во Ла Кања со Старата скопска чаршија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи изложбата на проектот „Полските знаци во Македонија“.

Изложбата е ефектот на истражувања од полскиот тим на етнолози во врска со присуството на Полјаци во Македонија. Истражувања беа направени летоска со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Полска.

Полјаците живееле во Македонија, уште во времето на Османлиската империја. Биле војници, инженери, доктори. Во ХХ век доаѓале заради заинтересирање на македонската култура, желба да помогнат после земјотресот или многу често поради љубов. Сега живеат тука, измеѓу другите. Водаат секојдневен, ама малку поразличен живот.

Освен можноста да ја погледнете изложбата ќе имате исто така можност да ја видите облеката дизајнирана од полјакиња Катерина Микрут која живее во Скопје. Убава можност да се пробаат и некои видови на полска храна (пиероги, смалец, серник).

Изложбата ќе биде поставена заклучно со недела (23.12.2012) .

You May Also Like