„Полицајка в кревет“ – прв роман на Веле Смилевски

“Полицајка в кревет” е насловот на првиот роман на писателот Веле Смилевски, автор на триесетина дела од областа на поезијата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.

“Полицајка в кревет”, што се појави во издание на “Дијалог” од Скопје, на 250 страници донесува потресна приказна за балканската раскрсница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови.

Главниот лик, младата полицајка Ема Ендековска, е вклучена во организираната акција со која на проституцијата треба да и се обезбеди третман на професија. Откако Заводот за статистика во Стандардната класификација во графата за занимања проституцијата ќе ја заведе како професија, на Фејсбук се појавуваат монтирани фотографии со ликот на полицајката и со голо тело на жена преку кое со големи бројки  е запишана шифрата 5169.03…

“Полицајка в кревет” е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните во еден момент доживуваат иста судбина. Во романот на Веле Смилевски и едните и другите таа судбина ја доживуваат во исто време и на исто место: седнати на обвинителна клупа.

You May Also Like