Концерт на пијанистката Kалина Мрмевска

Вечер (понеделник, 23 јули) во 20:00 часот во Заводот и музеј во Битола, во рамките на Бит Фест, концерт ќе одржи пијанистката Калина Мрмевска.

Мрмевска дипломирала на Факултетот за музички уметности во класата на Борис Романов каде ги завршила и магистерските студии по пијано. Во 2002 година дипломирала и на отсекот за клавир на Високата школа за музика и театар во Хамбург. Настапувала во Италија, Полска, Франција, Турција, а добитник е на бројни награди и признанија.

You May Also Like