Киро Урдин награден во Кина

Уметникот и режисер Киро Урдин е награден на шестиот Меѓународен фестивал на филмови посветени на животните  и заштита на животната средина во Шенгду, Кина (China International Animal and Nature Film Festival).

На фестивалот учествуваа 200 филмови од 32 земји од светот, а меѓународното жири додели награди во три категории.

Филмот „Две времиња“ по сценарио и режија на Урдин ја доби наградата „Голема панда“ за најдобар филм во категоријата заштита на животната средина.

Урдин учествуваше и минатата година на еко-фестивалот во Кина, со филмот „Оган и вода“.

You May Also Like