Промоција на списанието „Лице в лице“

В сабота, (15 септември, 2012 година) на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе биде промовирано активистичкото списание „Лице в лице“.

Магазинот е дел од регионалната платформа за активизам „ЛИЦЕУЛИЦЕ“ која се спроведува во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија. Вакво списание излегува во Србија веќе година и половина, и по тој пример, и ова македонско издание го продаваат наши сограѓани кои припаѓаат на најранливите категории во општеството.

You May Also Like