Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” на унгарски јазик

Издавачката куќа „Либри” од Будимпешта деновиве, на унгарски јазик, го објави романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски.

Преводот од македонски на унгарски јазик го направи лингвистот, преведувач и книжевен научник Анамарија Цинеге – Панзова.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд” Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија. Романот се преведува на 30 јазици.

You May Also Like