Изложба на МОМИ во Белград

Националната установа Музеј на современата уметност  на 14.јуни 2013 година во Белград Република Србија во  галерискиот простор на Културениот центар на градот Белград ќе ја отвори изложбата Множество, божество, рождество групата македонски уметници Моми.

Куратори на овој изложбен проект се Ива Петрова и Благоја Варошанец.
Оваа изложба на Моми-те: Ана Ивановска, Марија Сотировска, Маја Кировска, Христина Зафировска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева и Татјана Ристовска е дел од меѓународната програмска активност на Музејот за 2013 година.
Моми-те ќе се претстават се претстават со дела, изработени во различни техники ( цртеж, сликарство, колаж, објект, инсталација), ‘Universes in Universe’ / 2011; ‘Крвта не e вода, водата е црвена, црвената е боја’’ / 2013; ‘Современи скалила’ / 2013; ‘Compressed thoughts’ / 2012; ‘Невидливите’ / 2008; Од циклусот  ‘Од изворот’ / 2011 – 12; ‘PAUSE’ / 2012.

Ова претставување во Белград финансиски е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.
Изложбата ќе ја отворат Елиза Шулевска, директорка на НУ Музеј на современата уметност и Миа Давид, директорка на Културниот центар на град Белград.
Изложбата ќе биде отворена до 30 јуни.

You May Also Like